Куќен ред на Училиштето

  • Учениците доаѓаат во училиште во 7,15 часот (за прва смена) и во 13,15 часот (за втора смена);
  • Наставата за прва смена започнува во 7,30 часот и завршува до 13,15 часот, а за втора смена започнува во 13,30 часот и завршува до 19,15 часот. Главниот влез се затвара во 7,35, односно 13,35 часот;
  • Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути, предметниот наставник е должен да го прими на час, да евидентира во дневникот дека задоцнил. Подолго изостанување од часовите нема да се толерира, односно на ученикот нема да му биде дозволено да влезе на часот;
  • За време на одржување на наставата учениците не смеат да се движат и да се задржуваат по ходниците, освен во времето определено за одмор, за да не се наруши работната атмосфера.
  • Учениците не смеат во училиштето да внесуваат предмети и материјали кои не се дел од училишниот прибор, особено доколку со нив може да се загрози безбедноста на учениците и на вработените, ниту пак да го кршат, уништуваат и изнесуваат од училиште училишниот инвентар и сл.
  • Додека трае наставата во училиштето, во двете смени има дежурни ученици чија што задача е да ги идентификуваат сите родители и посетители што доаѓаат во училиштето во книга што е отворена за таа намена и да ги упатат до лицето кај кое се дојдени.
  • Во училиштето во двете смени има по тројца дежурни наставници, чиешто дежурство започнува во 7,00 часот (за прва смена) и трае до 13,00 часот, односно започнува во 13,00 часот (за втора смена) и завршува во 19,10 часот.
  • За време на наставата часот трае 45 минути, а во двете смени има два одмора – еден од 20 и еден од 10 минути
  • Училишната библиотека работи секој работен ден од 9 до 16 часот.
  • Педагошката служба во училиштето работи од 7,00 часот до завршувањето на наставата во втората смена.
  • Административната служба во училиштето работи од 7,00 до 15,00 часот.
  • Во неработни денови и празници просториите во училиштето се затворени и не се примаат странки и надворешни лица.
  • Се забранува користењето мобилни телефони за време на наставата.
  • Во просториите во училиштето не е дозволено пушење, како и носење и конзумирање на алкохол.
  • Сите наставници и ученици носат обележје за припадност на училиштето.

 

                     СУГС „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ – СКОПЈЕ