Средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје е современа образовна институција која образува кадри за потребите на пазарот на трудот, преку реализирање на современи и флексибилни наставни планови и програми.

Наставата ја реализираат стручни и професионално компетентни наставници и стручни соработници, кои континуирано стручно се усовршуваат.

Наставниците во наставата применуваат современа образовна и информациска технологија со методи на активно учење. Преку заемно почитување, доверба и еднакви можности за сите ги поттикнуваат учениците да ги развиваат вештините, знаењата и ставовите кои се неопходни во секојдневниот живот.

Училиштето ги негува воспоставените партнерства со стопанските субјекти и настојува да воспостави нови, со оние за кои подготвува кадри.

Училиштето ја зајакнува автономијата, насочувајќи го образовниот процес кон учење и стекнување квалитетни знаења.