Средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје има за цел да израсне во ефикасно, ефективно, модерно и меѓуетничко интегрирано училиште, во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот на вниманието.
Во наставниот процес да учествуваат наставници мотиватори, со големи комуникациски способности.
Наставата да се реализира преку проекти, во модерни, компјутерски и комуникациски опремени кабинети.
Да израснеме во училиште што ги задоволува стандардите на современиот пазар на трудот и критериумите за влез и успех на повисоките степени на образование.
Да ја промовираме и реализираме идејата за доживотно учење.
Со заеднички сили и тимска работа, професионалност и одговорност, да дадеме се од себе визијата да стане реалност.