Александар Сибиновски  е роден на 23.12.1984 година во Тетово, Р.М.

Своето средно образование го завршил во ДСУ “Кочо Рацин” – Скопје во 2003 година, а во 2009 година ги завршил своите студии на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје, на факултет за физичка култура во Скопје и се здобил со стручен назив дипломиран професор по физичка култура. Како љубител на спортот , се докажал во повеќе спортови , но најмногу се истакнал во пливање и скијање и станал лиценциран инструктор за тие спортови. Својата кариера како наставник по спорт ја започнува од 2012 година во СУГС “Владо Тасевски”-Скопје, каде ја извршува својата работа совесно и одговорно и тоа како кон учениците , така и кон своите колеги и претпоставени.

Преку посетувања на разни обуки, семинари, учества на проекти и презентации се стекнува со одлични комуникациски вештини и организациски способности и во септември 2018 година е назначен за вршител на должноста Директор на училиштето се до февруари 2019 година, кога е назначен за Директор на СУГС “Владо Тасевски”-Скопје. Во рамките на своите овластувања одлично менаџира и раководи со воспитно – образовниот процес во училиштето, се со цел на учениците да им овозможи да се стекнат со солидни знаења од оние области кои ги избрале да ги изучуваат и на тој начин да ги подготви да го трасираат патот по кој ќе чекорат и непречено ќе ја креираат својата иднина.

Александар Сибиновски е оженет и татко , кој ги почитува и се залага за семејните вредности на луѓето .