Креираме можности за сите ученици во СУГС "Владо Тасевски"-ПТТ.
Нашата идеја за квалитетно образование ја реализираме и преку соработка со високо образовни установи од регионот.
На наше задоволство, денес бевме гости на Факултет заштите на раду во Ниш и потпишавме меморандум за соработка.
Заедничката соработка ќе се одвива преку најразлични програми и активности кои вклучуваат:
👉 Размена на искуства, знаења и податоци;
👉 Подготовка и изведување на образовни проекти;
👉 Создавање и реализација на проекти од заеднички интерес (ERASMUS +)
👉 Промоција на научни, технолошки и истражувачки активности!