•  +389 2 240 00 40
 

Search HP

Новости

Сите уплати во врска со вонредното школување на учениците се вршат на сметката на училиштето на образец ПП50.

Назив и седиште на примач: СУГС Владо Тасевски” – Скопје

Трансакциска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник –единка корисник: 7850111088 787 10

Приходна шифра и програма: 723012 N2 – уплата за година

                                             723013 N2 – уплата за испит

 

 

Почитувани ученици и родители/старатели,
Ве известуваме дека согласно точка (2) од Заклучокот со дел. број 44-2147/1 од 10.03.2020 година од петнаесеттата седница на Владата, одржана на ден 10.03.2020 година, се прекинува воспитно - образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта, во наредните 14 дена.

Врз основа на погоренаведеното, Ве известуваме дека наставата е прекината и во училиштето, а за сите дополнителни активности благовремено ќе бидете известени.

Со почит

Почитувани колеги, ученици, родители, соработници и пријатели

Денес е Патрониот празник на нашето училиште, ден кој вообичаено е празничен и предвиден за средби и другарување со сите вас. Ние и годинава се подготвувавме за едно незаборавно празнување и се радувавме што ќе бидеме домаќини на сите наши пријатели и соработници. Околностите наложуваат да го одложиме празнувањето, да останеме дома и на тој начин да дадеме свој придонес во заштитата на нашето здравје и здравјето на сите наши луѓе. Ние го прифативме предизвикот, ги почитуваме препораките од надлежните институции и работиме секој од својот дом. На нашиот блог за едукација и обука УЧИ ОД ДОМА ќе бидат постирани наставни содржини по сите предмети, а колегите во комуникација со учениците ќе ги дадат сите потребни упатства за полесно и подобро усвојување на наставните содржини. Искрено веруваме дека наскоро сè ќе се среди и ќе се вратиме на свој терен - во нашите училници.

За учениците потсетување да го посетат нашиот блог за едукација и обука УЧИ ОД ДОМА и порака да бидат одговорни и полезно да го искористат слободното време.

Уште еднаш ве поздравувам и ви пожелувам добро здравје! Сега тоа е најважно!

Се што треба да знаете, а се однесува на овогодинешните уписи е содржано тука. Во овие 5 минути ќе најдете 50 причини зошто да станете дел од нашиот тим!

СУГС Владо Тасевски - еднаш ученик, засекогаш пријател!


Почитувајте ги препораките ученици! Да бидеме сите општествено одговорни.

Драги наши ученици,

 

Согласно измените на Календарот за организација  на учебната 2020/2021 година во јавните средни училишта ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 209 од 27.8.2020 ), Ве известуваме дека учебната 2020/2021 година започнува на 1 Октомври 2020 година.

 

Сообраќајна струка  I-1, I-2 и I-10

Електротехничка струка I-3, I-4, I-5 и I-6

Машинска струка I-7, I-8 и I-9

 

Класни раководители на прва година 

III Македонска бригада, бб 1000 Скопје 
Р.Северна Македонија

Информации: + 389 2 240 00 40

FAX :  389 2 240 00 40

 

 
Go to top
Template by JoomlaShine