СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Кодекс за наставници
За СУГС „Владо Тасевски“

Определувајќи се за професијата просветен работник наставникот и стручниот работник треба да има јасна слика за својата положба и улога во училиштето и општеството, да биде флексибилна личност која ќе знае да работи со поединци и група, да се прилагодува на новите барања и да го користи сето свое професионално знаење и умеење.

Во својата професионална работа наставникот односно стручниот работник се обврзува :

  • својата професија да ја врши совесно, одговорно и хумано;
  • воспитанието и образованието да му претставува највисок императив во неговото професионално однесување;
  • при вршење на својата професија не смее да прави дискриминација заснована на пол, раса, боја на кожа, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување и општествена положба;
  • да ја почитува личноста на своите ученици, нивните родители и своите колеги.

Наставникот односно стручниот работник треба:

  • да биде високо стручен за работата што ја врши и да има визија за неа;
  • постојано да се ангажира за што поквалитетно и поефикасно планирање и реализирање на наставата;
  • да ги почитува законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко;
  • секогаш и секаде да внимава на својот јазик кој треба да е литературен, јасен, достапен и достоинствен;
  • секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување;
  • да внимава на својот морален лик;
  • својата работа во образовната дејност да не ја злоупотребува за лична корист при што не смее да прифаќа подароци, бесплатни услуги и награди;
  • постојано да работи на своето стручно-педагошко усовршување, преку користење стручна литература, посета и активно учество на семинари, размена на искуства со колеги и др.

Извршувајќи ја својата работа наставникот:

  • треба навреме да го започне часот;
  • треба редовно да го евидентира часот како и отсутните ученици;
  • добро да го планира секој наставен час за да овозможи позитивна поттикнувачка, опуштена работна атмосфера и ангажирање на сите ученици;
  • активно да учествува во реализацијата на сите планирани и програмирани задачи на стручните органи и тела;
  • да се грижи за целиот училишен простор и имот;
  • да ги почитува и да се придржува на правилата од куќниот ред на училиштето;

Наставникот односно стручниот работник кон учениците се однесува како кон субјекти и соработници со примена на постапки кои се во духот на современите педагошки норми, при што:

  • ја почитува личноста на секој ученик;
  • професионално и чесно се однесува кон секој ученик и е праведен и хуман, објективен и непристрасен;
  • со учениците избегнува стил на комуницирање и појави недолични за професијата што ја обавува;
  • верува дека секој ученик може да научи и должен е на секој ученик тоа да му го овозможи;

 

 

 
Банер
loader

Моментално посетители

Има 3 гости присутни

You are here  : Почетна Општи податоци Кодекс на однесување