За СУГС „Владо Тасевски“
|
- Учениците се должни да доаѓаат во училиштето во пристојна облека и фризура, чисти и со потребен прибор за работа на часот;
- Учениците за време на наставата да не носат со себе вредни предмети (накит, поголема сума на пари) бидејки за губењето на истите училиштето не сноси одговорност;
- Најстрого се забранува носење на вклучен мобилен телефон за време на престојот во училиштето. Истите ќе бидат одземени и вратени по завршувањето на наставната година, 10 јуни;
- Учениците своите наставници треба да ги чекаат во училниците на своите места, а не пред вратата или во ходниците;
- Ученикот не смее без одобрение да го напушти часот и да се задржува во санитарните простории и по ходниците;
- Учениците се должни да се однесуваат пристојно и со почит кон наставно-воспитниот, административниот и помошниот персонал во училиштето;
- Во негување на угледот и достоинството на ликот на ученикот училиштето, ученикот е должен да се грижи и придонесува за градење и развивање на позитивни и коректни односи со своите соученици;
- Најстрого се забранува внесување на алкохол, цигари и дрога како и нивно користење во просториите на училиштето;
- За време на часовите учениците кои немаат настава може да бидат во библиотеката, дворот но не и во ходниците;
- На учениците не им е дозволено влегување во наставничката канцеларија без дозвола на наставник;
- Учениците се должни да го чуваат редот, дисциплината и хигиената во училницата, училиштето и надвор од него;
- Се забранува фрлање отпадоци во работните простории, по ходниците и дворот на училиштето, истите треба да се фрлаат во корпи за отпадоци;
- Учениците треба да го чуваат училишниот инвентар и наставно-нагледните сретства;
- Учениците треба да го чуваат и да не го уништуваат зеленилото во училишниот двор и во ходниците;
- Ученикот ке ја надомести секоја направена штета во училиштето и покрај тоа за него ќе се примени педагошка, дисциплинска мерка. Доколку сторителот не се открие, штетата ќе ја надоместат сите ученици во паралелката;
- По завршувањето на последниот час учениците излегуваат од училница во присуство на наставникот кој излегува по нив заедно со дежурните ученици, со претходен увид на состојбата на инвентарот и ѕидовите на училницата;
- Навремено известување за настанатите промени (адреса, телефон, боледување, изостанување од настава и слични промени);
- Секој ученик во смената ќе биде задолжен со соодветната компјутерска опрема за која ќе понесе одговорност и доколку намерно направи штета сам ќе ги сноси трошоците.
|