СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Ресурси
Финансиски ресурси
За СУГС „Владо Тасевски“

Финансиските планови се изработуваат врз основа на претходен договор на службата за сметководство со раководниот кадар. Раководниот кадар ги согледува потребите на стручните активи и краткорочните и долгорочните планови за работа на училиштето.

Во согласност со законските прописи, службата за сметководство изготвува годишен финансов план, кој оди на одобрување во Советот на Град Скопје, со претходна одлука на Училишниот одбор. Во Годишниот финансов план се опфатени потребите за наставни средства, материјали и опрема за двете училишни локации подеднакво. Потоа се изработува квартален финансов план, кој исто така оди на одобрување во Советот на Град Скопје. Следува изработка на месечен финансов план, кој откако ќе биде одобрен во Советот на Град Скопје, Советот го препраќа во Министерството за финансии.

На крајот на календарската година завршната сметка треба да биде одобрена од Училишниот одбор, а потоа се доставува до Министерството за образование и наука, Централниот регистар, Државниот завод за ревизија и Управата за јавни приходи.

Финансиските средства во училиштето се добиваат од Министерството за образование и наука, локалната самоуправа (Град Скопје), вонредните ученици, постсредното образование, од издавањето под наем на спортската сала и просторот за сендвичарница, реализирањето на модуларната обука за невработени лица од АВРМ.

Информациите во врска со училишниот буџет се достапни и за родителите, преку Советот на родителите.

 

 
Материјални ресурси
За СУГС „Владо Тасевски“

Во овој момент, училиштето располага со неопходната софистицирана опрема за изведување теоретска и практична настава.

Целата опрема на училиштето е во функција на наставниот процес, со што е воспоставена поврзаност меѓу теоретската и практичната настава. Опременоста на училиштето и пристапот до Интернет овозможуваат да се реализираат квалитетни проектни активности во сите струки.

Училиштето располага со: 209 персонални компјутери, 840 монитори, 2 скенера, 15 принтери, 4 фотокопири, 50 персонални компјутери, 85 лап-топ компјутери, 4 PLC, 4 електронски волтметри, 4 функциски генератори, 18 графоскопи, 2 епископа, 3 телевизори, 2 слајд-проектори, 7 LCD-проектори, 8 CD аудиосистеми, 1 видеокамера, 1 дигитален фотоапарат, 1 осцилоскоп, 12 испитни стола, машина за спирално вкоричување, апарат со контејнерче за сечење хартија, 2 комплетно опремени машински работилници, 3 апарати за заварување, 4 кабинети-лаборатории за практична настава во електротехничка струка, макета за автоматско регулирање и водење на железничкиот сообраќај. Училиштето располага и со училишна библиотека која има над 7.000 книги.

Што се однесува до општата опрема, може да се каже дека е на задоволително ниво, но тоа не може да се каже и за дидактичката опрема, на која ѝ недостигаат разни помагала за изведување на самата настава.

Училиштето ќе продолжи да вложува во осовременување на наставата и збогатување со нагледни наставни средства и помагала.

 

 
Просторни ресурси
За СУГС „Владо Тасевски“

СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје работи во една зграда со површина од 4.580 м2, изградена во 1983 година, во која се сместени 35 паралелки, а има и 11 истурени паралелки сместени во СУГС ,,8 Септември“, изградено во 1965 година, каде што користиме 800 м2.

Во училишната зграда има 18 училници – кабинети за настава, 3 лаборатории за електротехничка струка, 2 опремени машински работилници, 9 професорски кабинети, 1 библиотека, 5 канцеларии, 1 сала за спорт со помошни простории и една аула за свечености. Во СУГС „8 Септември“ користиме 9 училници, 1 канцеларија и 1 професорски кабинет.

Екстерно, училиштето располага со 1 спортско игралиште, во рамките на дворната површина на училиштето од 8.000 м2, која е во голем процент култивирана.

 

 

 


Банер
loader

Моментално посетители

Има 7 гости присутни

You are here  : Почетна Општи податоци