СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Финансиски ресурси
За СУГС „Владо Тасевски“

Финансиските планови се изработуваат врз основа на претходен договор на службата за сметководство со раководниот кадар. Раководниот кадар ги согледува потребите на стручните активи и краткорочните и долгорочните планови за работа на училиштето.

Во согласност со законските прописи, службата за сметководство изготвува годишен финансов план, кој оди на одобрување во Советот на Град Скопје, со претходна одлука на Училишниот одбор. Во Годишниот финансов план се опфатени потребите за наставни средства, материјали и опрема за двете училишни локации подеднакво. Потоа се изработува квартален финансов план, кој исто така оди на одобрување во Советот на Град Скопје. Следува изработка на месечен финансов план, кој откако ќе биде одобрен во Советот на Град Скопје, Советот го препраќа во Министерството за финансии.

На крајот на календарската година завршната сметка треба да биде одобрена од Училишниот одбор, а потоа се доставува до Министерството за образование и наука, Централниот регистар, Државниот завод за ревизија и Управата за јавни приходи.

Финансиските средства во училиштето се добиваат од Министерството за образование и наука, локалната самоуправа (Град Скопје), вонредните ученици, постсредното образование, од издавањето под наем на спортската сала и просторот за сендвичарница, реализирањето на модуларната обука за невработени лица од АВРМ.

Информациите во врска со училишниот буџет се достапни и за родителите, преку Советот на родителите.

 

 
Банер
loader

Моментално посетители

Има 22 гости присутни

You are here  : Почетна Општи податоци Ресурси