СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

Владо Тасевски
За СУГС „Владо Тасевски“

Владо Тасевски-Кољо спаѓа во редот на оние македонски револуционери кои уште од најраното детство биле принудени да ги почуствуваат врз себе горчините на ропството во кое се наоѓаше македонскиот народ.

Роден е на 21 март 1916 година, во градот под Марковите кули во мошне сиромашно семејство. Неговиот татко, кочарски занаетчија, излез од сиромаштијата бара и во одгледувањето тутун, па Владо сето свое слободно време го поминува помагајќи им на родителите нижејќи и калапејќи ги жолтите листови на мачната егзистенција. Така, уште од малечко дете, овој наш револуционер ке ја почувствува неправдата на животот врз своите плеќи.

Учењето не му претставува проблем, па во 1931 година Владо Тасевски завршува IV клас со одличен успех, но образованието не го продолжува спречен од сурова рака на сиромаштијата. Се вработува како чирак во работилницата за поправка на локомотиви. Во 1933 година станува член на напредното младинско друштво „Трезвена младеж“.Во овој период овој истакнат борец и патриот ги прави првите чекори кон неговото идеолошко осозновање. Читајќи комунистичка литература станува младинец со точно насочени политички идеи кон комунизмот и со правилен став кон македонското национално прашање. Во меѓувреме станува член на КУД „Коста Абрашевиќ“ и член на УРС-овите синдикати во Прилеп, од кај што започнува неговата жилава борба за слобода на својот народ. Во 1936 година, Владо го положува испитот за квалифукуван работник-бравар и е преместен на работа во Скопје. Веднаш по неговото доаѓање во овој град, нашиот Патрон се вклопува во железничко-музичкото друштво каде свири на гитара и другарува со луѓе кои имаат слични ставови и идеи за самостојна Македонија.

Во 1940 година Тасевски го организира штрајкот на железничарите борејќи се за правото на работниците. Во март 1941 година тој е предводник на железничарите во демонстрациите против трајниот пакт и предавничката југословенска власт. Истата година Владо станува член на КПЈ и секретар на партиската организација во ложилницата. Колегите од ложилницата во негово име препознаваат издигнат револуционер задоаен со марксистички идеи за рамноправна улога на луѓето во општеството и му ја доверуваат должноста одговорен за „агипроп“ (агитација и пропаганда).

Во јули 1943 година Владо Тасевски ја напушта илегалната работа и стапува во Шарскиот партизански одред. Како командир на чета во овој одред, тој поминува долг пат низ западна Македонија. Подоцна сапува во скопско-кумановскиот партизански одред и на крај во баталјонот „Јордан Шишков“ каде се бори „рамо до рамо“ со прославениот козјачки јунак Карпош.

11 декември 1943 година беше кобен ден за нашиот Патрон. Владо Тасевски загинува во село Дренок, во месноста Здревчи Камен, во во борбата со четниците од Вардарскиот четнички корпус. И во последната битка тој ја потврдува својата храброст и пожртвуваност, својата подготвеност на жртва во името на својот народ, со што за последен пат се докажа неговиот патриотски револуционерен дух, потврден низ неговите последни зброви „живи не се предаваме“

 

 

 
Банер
loader

Моментално посетители

Има 4 гости присутни

You are here  : Почетна Општи податоци