УЧИЛИШТЕН ОДБОР

            Училишниот одбор е непрофесионално тело (каде што учествуваат професионалци) одговорно за насочување на Училиштето. Воспоставува визија и стратегија на училиштето, ја надгледува реализацијата, промовира развој и одржува отворен контакт меѓу училиштето и интересите на заедницата. Како орган на управување, го сочинуваат 12 члена:  3 претставника од основачот – Советот на Град Скопје; 3 претставника од родителите, членови на Советот на родителите; 4  претставника – наставници; 1 претставник од Министерството за образование и наука и еден член на деловната заедница – претставник на Стопанската комора, кој учествува во работата на Училишниот одбор, но нема право на глас при изгласувањето на одлуките. Претставниците на родителите се избираат за период од 4 години, додека нивните деца не го завршат образованието, а членовите се избираат за период од 4 години, со право на уште еден мандат.

            Конститутивната седница на Училишниот одбор е одржана на 2.2.1996 година. За прв претседател е избран  Мирко Спировски. Од 2000 година Училишниот одбор работи во нов состав, а негов претседател е Гордан Стојиќ.   Во 2003 година за претседател на Училишниот одбор е избран Борис Василевски.

            Училишниот одбор ги врши следниве функции: го носи Статутот  и другите општи акти на училиштето, ги предлага Годишната програма и Извештајот за работата до Советот на Град Скопје, предлага Годишен финансиски план и завршна сметка до основачот, распишува јавен оглас за именување директор, ги интервјуира кандидатите за директор и предлага еден кандидат, поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на лицата од чл. 81, став 1, од Законот за средно оразование. Исто така, одлучува по приговорите и жалбите на вработените, но и по жалбите на учениците или родителите/старателите, носи одлуки за набавка на основни средства, избира комисии, носи Програма за развој на училиштето, Програма за воведување  повисоки стандарди и други програми. УО подготвува Деловник за работа, дава препораки за зголемување на ефективноста на работата на Училишните одбори, усвојува цели врз основа на визијата за училиштето и ги проценува потребите за да се исполнат овие цели.

     Од конституирањето на Училишниот одбор се одржани 82 седници.  Одлуките се носат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Одборот. Тој го формулира планот за подобрување на училиштето и функционира на принципот еднаквост, праведност, професионално однесување, почитување  закон и правни прописи, објективност и непристрасност, избегнување  дискриминација, почитување интегритет, достоинство и транспарентност.

     Претседател на УО од 2018 година е д-р Цветанка Ристиќ, заменик претседател е Лидија Димеска, а заедно со Катерина Малова Младеновска и Сенад Сулејмани се претставници од наставниците. Претставници од Советот на родители се: Љупчо Оржанов, Габриела Премчевска и Теодор Шутаров. Претставници од Советот на Град Скопје се: Лидија Спироска, Гордана Лазоска и Живко Наумов, претставник од Министерството за образование и наука е Дејан Ѓошев и претставник од Стопанската комора е Светлана Крстевска.