Почитувани колеги, ученици, родители, соработници и пријатели
Денес е Патрониот празник на нашето училиште, ден кој вообичаено е празничен и предвиден за средби и другарување со сите вас. Ние и годинава се подготвувавме за едно незаборавно празнување и се радувавме што ќе бидеме домаќини на сите наши пријатели и соработници. Околностите наложуваат да го одложиме празнувањето, да останеме дома и на тој начин да дадеме свој придонес во заштитата на нашето здравје и здравјето на сите наши луѓе. Ние го прифативме предизвикот, ги почитуваме препораките од надлежните институции и работиме секој од својот дом. На нашиот блог за едукација и обука УЧИ ОД ДОМА ќе бидат постирани наставни содржини по сите предмети, а колегите во комуникација со учениците ќе ги дадат сите потребни упатства за полесно и подобро усвојување на наставните содржини. Искрено веруваме дека наскоро сè ќе се среди и ќе се вратиме на свој терен - во нашите училници.
За учениците потсетување да го посетат нашиот блог за едукација и обука УЧИ ОД ДОМА и порака да бидат одговорни и полезно да го искористат слободното време.
Уште еднаш ве поздравувам и ви пожелувам добро здравје! Сега тоа е најважно!