Пет ученика и еден наставник од електротехничка и машинска струка од СУГС „Владо Тасевски“, Скопје имаа можност да патуваат на практична работа во компании во Повоа де Варзим, Португалија во период од 21.09.2021 до 05.10.2022. Можноста на младите за патувањето им го овозможи  Erasmus+ програмата во соработка со РЦСОО „Моша Пијаде“ и координаторот ИЗР - Тетово. Своето стекнато искуство и знаење од практичната работа, заедно со својот ментор, ги споделија со останатите ученици и наставници во училиштето на ден 10.11.2021 година. Со своја презентација тие им укажаа на можностите кои ги нуди  Erasmus+ програмата, притоа мотивирајќи да земат активно учество во програмите на ЕУ за млади. Силата е во младите. Во прилог дел од настанот на дисеминацијата.