Трибина на тема „Родова еднаквост,рамноправност и праведност“
Цел на трибината е подигнување на свесноста кај младите за родовата еднаквост, споделување на мислења на оваа тема и намалување на стереотипите и предрасудите.
Сето ова е во согласност со целта за одржлив развој „Да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата“.
Образованието мора да ги прифати предизвиците и аргументирано и подготвено да ги елиминира штетните родови норми и стереотипи од образовниот процес и да застане одлучно против сите видови родови ограничувања и неправди.