Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МОН и МВР, наставникот д-р Цветанка Ристиќ на ден 05.04.2022 одржа сообраќајно - едукативна активност во склоп на кампањата „Матуранти - млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. Предавањето се одржа во аулата на училиштето со учениците од четврта година. Активностите опфатија предавања на темата млади возачи, презентација на едукативни филмови, делење на едукативни материјали од областа на безбедноста во сообраќајот на младите возачи и прирачници за млади возачи.