СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА PDF Печати Е-пошта

Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (364 ученици во 11 паралелки со настава
на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик)
според наставните планови и програми за:

Сообраќајна струка - 170 ученици, 5 паралелки

- техничар за транспорт и шпедиција мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
- техничар за транспорт и шпедиција алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 60 минимум поени
-техничар за железнички сообраќај мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени

Електротехничка струка - 238 ученици, 7 паралелки

- електротехничар за електроника и телекомуникации мак 136 уч. 4 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени
- електротехничар за електроника и телекомуникации алб 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 50 минимум поени
-електромеханичар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

Машинска струка - 102 ученици, 3 паралелки

- машински техничар – енергетичар мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
- инсталатер за греење и климатизација мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

За да го превземете целиот оглас кликнете овде

 

 
XXXVII Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Р.Македонија PDF Печати Е-пошта

 

XXXVII Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта на Р.Македонија се одржаа на 4.05.2018 год. во АСУЦ,,Боро Петрушевски во Скопје. Натпреварите свечено беа отворени од страна на г-ѓа Даниела Адамова, претставник од Град Скопје. Учениците се натпреварува во три категории; теоретски дел, практичен дел и изработени трудови . По завршување на натпреварите учениците и наставниците-ментори од сите училишта се запознаваа, дружеа и разменуваа искуства меѓусебе .

На овие XXXVII Државни натпревари нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

Сообраќајна стука –образовен профил: Техничар за транспорт и шпедиција

 

  • Александар Николовски (III-1 клас) ПРВО МЕСТО –ментор: Дејан Стојчески,

 

Електротехничка струка –образовен профил: Електротехничар за електроника и телекомуникации

 

  • Мајкл Танчин (III-4 клас) – ТРЕТО МЕСТО –ментор: Ана Петровска Ристевска

 

Машинска струка –образовен профил: Машинско-енергетски техничар

 

  • Димитар Шутаров (III-7 клас) –ВТОРО МЕСТО –ментор: Елена Лентиќ

 

Во категорија трудови постигнати се следниве резултати:

Електротехничка струка:

 

  • Виктор Пејковски (IV-5 клас) -ВТОРО МЕСТО - ментор: Катерина Малова Младеновска,

 

труд: ВУ-метар.

Честитки за учениците и менторите за постигнатите резултати.

 

 
СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ МЛАДИТЕ PDF Печати Е-пошта

На ден 26.4.2018 година во СУГС„Владо Тасевски“ беше организирана дебата на тема „СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ МЛАДИТЕ“под менторство на стручните соработници: Александра Цветаноска- педагог и Мартина Трајковска-дефектолог .

Учесници на дебата беа ученици од СУГС„Владо Тасевски“-Скопје, ученици од СУГС„Васил Антевски Дрен“-Скопје, директорот на СУГС„Владо Тасевски“-Скопје и претставници од одделот за Превенција при СВР-Скопје.

Цел на дебатата беше учениците да ги искажат своите размислувања,ставови и заклучоци по однос на ова прашање т.е. преку дебатата да се подискутира за причините кои доведуваат до насилство,каде се е присутно насилството,кои се начините на ширење на насилството,кои се последиците од истото како и да се понудат можни решенија со кои би се спречило или намалило насилството.

 
ПОСЕТА ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО НОВА ГОРИЦА PDF Печати Е-пошта

 

На 23.4.2018 година, нашето училиште беше посетено од професор Вероника Пеццинини и тимот на студенти кои го промовираа универзитетот во Нова Горица, како и поволните услови за продолжување на високото образование на матурантите од Р.Македонија.

 

 
Државен натпревар по географија PDF Печати Е-пошта

На 20.04.2018 година на државниот натпревар  по >  географија што се одржа во Скопје на Природно- математичкиот факултет, нашите ученици натпреварувачи ги освоија следните места  :1.Фросина Алексовска од 1-1 го освои третото место во категоријата на средни стручни училишта а, 2.Ерика Асанова од 1-2 го освои петтото  место.


 
Практична настава PDF Печати Е-пошта

 

На 30.3.2018 г. учениците од машинска струка ( 3-8 клас ) под менторство на професорот Трајче Петковски ја реализираа практичната настава во компанијата за челична индустрија во „МАКСТИЛ АД“-Скопје.

 

 


Страница 4 од 27
Банер
loader

Моментално посетители

Има 4 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting