СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Завршни сметки 2016 PDF Печати Е-пошта

Завршни сметки


Во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување за законот за сметководство


за буџетите и буџетските корисници службен весник бр.170 од 27.11.2017година ги објавуваме завршните сметки за 2016година.

 

Завршна сметка 603 за 2016 година тука

Завршна сметка 787 за 2016 година тука

Завршна сметка 903 за 2016 година тука

 

 
ПОСЕТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА PDF Печати Е-пошта

На ден 23 ноември 2017 година дел од учениците од нашето училиште го посетија Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во Скопје со цел да присуствуваат на меѓународно предавање, одржано од проф. д-р Примож Певцин од Факултетот за администрација при Универзитетот во Љубљана (Р. Словенија)на тема „Менаџмент во јавниот сектор“.

Предавањето им овозможи на учениците да стекнат нови знаења за начинот на управување со јавниот сектор во Словенија, им беа презентирани конкретни примери за начинот на спроведување на јавните набавки во оваа земја, за тоа колку се важни резултатите од пополнетите прашалници од корисниците на јавни услуги, како се користат овие резултати за понатамошно унапредување на јавните служби . Учениците посебно беа заинтересирани за студирање во оваа земја па така професорот доби огромен број прашања за тоа какви се условите за студирање во Р. Словенија, на кој јазик се одржуваат предавањата, кој од тамошните факултети е најблизок до нивната струка и сл. одговорен наставник м-р Весна Живаљевиќ проф. по бизнис.

 
Обуки од програмата „Како да се стане еко училиште/градинка“ PDF Печати Е-пошта

На 20.11.2017 год. во хотел ,,Порта”-Скопје, наставникот Ана Николовска учествуваше на еднодневната обука од програмата „Како да се стане еко училиште/градинка“.

 
Освоено трето место на Град Скопје во ППЗ- квиз натпревар PDF Печати Е-пошта

Учениците Албертина-Клара Геневски, Андреј Ангеловски и Асмир Вусљанин од IV-7клас, под менторство на проф. Трајче Петковски, на квизот за против пожарна заштита освоија трето место на ниво на Град Скопје. Предходно, учениците победија на квизот организиран меѓу средните училишта на ниво на општина Аеродром.

 
Избор на Лидер на ниво на училиште PDF Печати Е-пошта

 

Во втората недела на ноември 2017  се одржаа училишните натпревари за избор на Лидер на ниво на училиште од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Училишните натпревари се реализираа во два дела-теоретски и практичен дел.Најдобрите учениците ќе се натпреваруваат за избор на Лидер на државно ниво.

 
Завршени работилици во рамките на проектот за развој на вештини и поддршка на иновации за модернизација на средното стручно образование PDF Печати Е-пошта

Наставниците Цветанка Ристиќ, Мартин Павлов, Александар Каракачанов и Трајче Шопов, присуствуаа на дводневни работилници на 21 и 22. 09.2017 година, како членови на Националните експертски тимови во рамките на проектот за развој на вештини и поддршка на иновации за модернизација на средното стручно образование. На работилниците се обработуваа методологии, стандарди на сектори (струки), стандарди на квалификации, занимања и модуларни наставни програми, кои се воедно и главни цели на проектот. На обуката беше претставена македонската рамка на квалификации, каде што ги пополнувавме стандардите на квалификации за одредени области и пишување на критериуми за проверка на квалификации.

 


Страница 8 од 27
Банер
loader

Моментално посетители

Има 2 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting