СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Презентација на преставници од МАКСТИЛ АД-Скопје PDF Печати Е-пошта

Минатата година учениците од завршните години од електротехничка струка изведуваа практична настава . Оваа учебна година покрај учениците од електротехничка струка,ќе се вклучат и учениците од машинската струка и за таа цел претставници од МАКСТИЛ АД-Скопје одржаа презентација во училиштето, на учениците од машинската струка и на Одборот на родителите за втора и четврта година. На тој начин, учениците и родителите беа запознаени дека по завршување на образованието во училиштето имаат можност да се вработат во оваа институција ученици кои ќе покажат интерес за вработување и кои стекнале практични вештини во текот на школувањето во рамките на реализација на практична настава во претпријатие.

 
Oбука на тема „Градење на капацитети за кариерните центри“ PDF Печати Е-пошта

На ден 20.09.2017 година наставниците Цветанка Ристиќ и Марија Стамболиева присуствуваа на обука на тема „Градење на капацитети за кариерните центри“, спроведена од Британскиот совет. На обуката беше претставена улогата на кариерните центри во средните стручни училишта, услугите во рамките на кариерните центри, можностите и предизвиците, линк меѓу училиштата и бизнис заедницата и улогата на наставникот и кариерниот советник. Беа споделени искуства и практики од присутните учесници, како и презентации на досегашни искуства и реализирани активности во кариерните центри.

 

 
Свечено доделување на дипломи 10.8.2017 PDF Печати Е-пошта

 
Посета на ученици во ГИМ PDF Печати Е-пошта

 

На 23.05.2017 година учениците од електротехничка и машинска струка со наставниците по практична настава Светлана Николовска, Трајче Петковски и Уран Туда, ги посетија  лабораториите на Институтот и се запознаа со испитувањата на квалитетот на градежните материјали. Учениците можат  да реализираат и феријална пракса во летниот период во оваа институција.

 
Новиот изглед на дворот на СУГС „Владо Тасевски“-Скопје PDF Печати Е-пошта

 
Практична настава во МЖ-Скопје PDF Печати Е-пошта

Учениците од завршната година IV-10 од образовен профил Машиновозач за дизел и електрични влечни возила при СУГС Владо Тасевски - Скопје, редовно ја реализираат редовната практична настава која е предвидена според наставниот план и програма.

Според претходно потпишан меморандум и договор за меѓусебна соработка помеѓу СУГС Владо Тасевски и Македонски железници АД - Транспорт учениците кои се идни машиновозачи успешно го реализираа редовниот практичен дел по предметот Практична настава за IV година од образовен профил Машиновозач за дизел и електрични влечни возила.

Сите ученици беа вклучени во редовните турнуси на Влечната служба при Македонски железници АД - Транспорт, како трето лице под надзор во времетраење од 10 работни дена, при што го надоградиа своето знаење во однос на припрема, управување и распрема на железничко влечно возило.

Поради дефицитарноста на кадарот Машиновозач за дизел и електрични влечни возила, се надеваме дека во скоро време секој од учениците ќе го пронајде своето работно место според неговата средна стручна спремност т.е. Машиновозач за дизел и електрични влечни возила.

Предметен Професор

Ризоски Диме, дипл.сооб.инж.

 


Страница 9 од 27
Банер
loader

Моментално посетители

Има 7 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting