СУГС „Владо Тасевски“

Биди учен, биди стручен

СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје
Регионалниот натпревар во џудо во Р.Македонија PDF Печати Е-пошта

Ученикот Резарт Хусени од II-13, електротехничка струка,го прослави нашето училиште со освоеното I-во место на Регионалниот натпревар во џудо во Р.Македонија. Резарт е талентиран ученик кој освен со одличниот успех, особено се истакнува и со својата креативност и дарба учествувајќи во разни проекти од електротехниката  струка, каде постигнува одлични резултати во земјава и надвор од неа. Да не заборавиме да истакнеме дека тој исто така покажува голем талент за уметноста и со своите цртежи остава впечаток на голем уметник. На Резарт во иднина му посакуваме уште многу вакви успешни приказни и одлични резултати на секое поле.

 

 
Посета на Македонска пошта PDF Печати Е-пошта

На 25.05.2017 година учениците од 2-1 и 2-2 клас заедно со предметните професори по Практична настава Зоран Ѓорѓиевски и Николче Спасовски беа во посета на Главен Центар за поштенски сообраќај -Пошта2 (Нова Железничка)каде што од страна на одговорни лица од компанијата им беше пренесен начинот на работење со поштенски пратки од внатрешени меѓународен сообраќај, писмоносни пратки, вредносни пратки и пакети како и дистрибуција на пратки кои пристигнуваат во нашата земја кои биле порачани по електронски пат. Исто така учениците се запознаа со начинот на достава на брзи пратки, плаќање на поштарина за извршена услуга и обрасци кои се користат во поштенскиот сообраќај

 
Посета на Противпожарната станица Автокоманда PDF Печати Е-пошта

На 11.05.2017 година професорите Николче Спасовски и Зоран Ѓорѓиевски заедно со учениците од 2-1 и 2-2 клас реализираа посета на Противпожарната станица Автокоманда каде што се запозаа со нивните возила и опрема кои ги користат, со начинот на функционирање на Противпожарните единици при справување со најразлични ситуации како што се мали и големи пожари, сообраќајни незгоди, истекување и локализрање на опасни материи, остранување на разни опасности итн.

 
Директорката гостин во радио Македонија PDF Печати Е-пошта

Вечерва гостин во програмата Глас од татковината ќе биде м-р Билјана Глигорова директор на средното стручно училиште Владо Тасевски од Скопје. Прилог посветен на македонскиот виртуоз Зоран Маџиров.Водител на програмата Даниела Левковска.

 
КЛАСЕН ЧАС ПО ПОВОД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ОД МАТУРА PDF Печати Е-пошта

На 13.05.2017 година во училиштето дојдоа учениците од генерацијата 1993-1997 година, кои организираа средба по повод дваесет години од матурирањето во ова уцилиште со класните раководители. Нема зборови со кои можат да се опишат импресиите од оваа средба, тогаш примерни или палави ученици, а сега сите семејни луѓе, вработени и успешни во својата работа.

Класните раководители Марија Хаџи Бошкова, Игно Ефтовски, Снежана Божиновска и Виолета Николовска со присутните ученици одржаа класен час и евоцираа спомени од училишните денови.

Поздрав до сите матуранти и Ве очекуваме да се видиме после пет години!


 
РАБОТНА ПОСЕТА НА ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА PDF Печати Е-пошта

На 11.05.2017 година, група од пет професори од нашето училиште беа во работна посета на Градежен Институт Македонија. Посетата беше со цел да се договори организирана посета на лабораториите на ГИМ и можност за реализација на феријална практика во летниот период со заинтересирани ученици од училиштето. Низ организирана посета, професорите имаа можност да се запознаат со работењето на заводот-лабораторија и активностите кои овој завод секојдневно ги реализира.

 

 


Страница 10 од 27
Банер
loader

Моментално посетители

Има 18 гости присутни

You are here  :
Joomla extensions by Siteground Hosting